Ешли Барти првпат во кариерата славеше на Австралија Опен

Првиот женски рекет во светот, Австралијкаа Ешли Барти, ја победи во саботата американската тенисерка Даниел Колинс во финалето од првиот Грен-слем турнир во годината, Австралија Опен.

На теренот во Мелбурн, натпреварот кој траеше 1 час и 27 минути заврши со победа на Австралијката со резултат 6:3, 7:6 (7:2), а притоа во вториот сет 25-годишната Барти се врати од 1:5. Ова беше четврти триумф на Барти во петте меѓусебни соочувања со Колинс.

Барти беше прва носителка на тирнирот, а Конск 27-ма. Австалијката впиша 10 аса додека Колинс само еден, три двојни грешки наспроти две на Американката и 30 освоиени поени наспроти 17. Двете тенисерки направија по 22 неизнудени грешки.

Барти без изгубен сет го освои Австралија Опен, а финалниот дуел против Колинс ѝ бепе најголемиот предизвик на турнирот, Американката, пак, по својот најголем успејх во кариерата првпат ќе влезе во избраното друштво од десетте најдобри тенисерки на светот.

Ова е третата Грен-слем титула за Барти, откако славеше на Ролан Гарос во 2019 и на Вимблдон во 2021 година, а сега првпат победи во својата татковина. Воедно тоа го стори како прва австралиска тенисерка по 1978 година кога на Австралија Опен победи Крис О’Нил, а токму таа во саботата ѝ го врачи пехарот.