За шерифот Филипче законите не важат!

Фејсбук објава на Кире Михаилов:

За шерифот Венко Филипче и таквите како него во Македонија законите не важат‼️
Полицијата буквално ДЕРЕ низ цела држава со радари, воведоа дури и ноќни!
Казнуваат ни повеќе, ни помалку, дури и за 1️⃣км/час повеќе од дозволената брзина и тоа на лице место, од картичка, ако ја имаш де и ако имаш парички на неа секако, 😁.
Од тоа што ќе го отпеал РАДАРОТ и попот, назад немало, така барем се збори меѓу народот.
Секојдневно читаме, таму казниле волку, онаму казниле толку и на крајот повторно гледаме како на трки шибаат по патиштава и за жал честопати сме сведоци на немили настани со кобни последици.
Е зошто е тоа така де, а?!?
Еве јас да Ви кажам, затоа што оваа држава за некој е мајка, а за некој маќеа!
Затоа што во оваа држава дојде време во кое законите за некои важат, а за некои не!
Еден ден пред младата Викторија од Радовиш да загине, т.е. на 19.01.2021 година, неформално, екс министерот #ВенкоФилипче од страна на службеници на П.С. Гевгелија во близина на село Милетково – гевгелиско е уловен како вози со брзина поголема од 5️⃣0️⃣км/час над дозволеното, но за жал, истиот поминал само со опомена од страна на полициските службеници!
ПРЕКРШОК ПОРАДИ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТИ ГЛОБА ОД 400€ И ДА МУ БИДЕ ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА 1 ГОДИНА, #ВенкоФилипче ГО ЧИНИ САМО ОПОМЕНА‼️
АЈДЕ МАЈКАТА‼️‼️‼️
Еве затоа драги мои во оваа држава нема ред.
Нема ред затоа што законите во оваа држава за овие поголеми ѕверки и нивните блиски од власта не важат.
За тоа што правел, каде и со кого бил во Гевгелија не ме интересира, но пишувам ЈАВНО дека законите за овие НЕ ВАЖАТ и барам да и се извинат на Македонската јавност за циркусот кој го прават!
Веднаш да се извините на Македонскиот Народ за мајтапот што си играте со него и конечно еднаш за секогаш да почнете да одговарате пред законите во оваа држава!
П.С. Ако случајно #ВенкоФилипче од најразлични причини не се сети на случкава, можам слободно и службената белешка да му ја пратам, чисто да му се врати сеќавањето, 😉 …