
ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90, заради функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните, тврди партијата и потсетува дека ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија.
За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612.000 евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци, државата годишно ќе инкасира скоро 1 милион евра.
„За 1 милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и за овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица, ги повикува сите политички партии на дебата, како и за консултации за поддршка за овие предлози.