Британија планира удвојување на единиците на источно крило на НАТО

Британскиот премир Борис Џонсон го разгледува удвојувањето на бројот на британские војници распоредени на задачи на зајакнување на источното крило на НАТО, што последните денови во наративот на Западот се формулира како „источни европски граници“, истовремено предупредувајќи дека наводниот упад на Русија во Украина би бил „трагедија“.

„Новата понуда на НАТО, којашто моментално се разгледува ќе му испрати јасна порака на Кремљ дека нема да ја толерираме нивната дестабилизирачка активност“, рекол британскиот премиер Борис Џонсон, според соопштението на неговата влада објавено во саботата ноќта.

Покрај зголемување на бројот на војниците, британската влада наведува дека тоа би можело да вклучува и испраќање оружје во Естонија. Суперсонични млазни борбени авиони и борбени бродови, како и воени експерти, исто така, би можело да бидат испратени за „заштита“ на сојузниците во НАТО:

Даунинг Стрит наведува и дека можното распоредување би ја „зајакнала одбраната на НАТО и би ја истакнала поддршката на Обединетото Кралство, на нордиските и балтичките партнери“.

Оваа најава следеше откако Џонсон побарал од челниците во одбраната и безбедносста на Обединетото Кралство да разгледаат натамошни „одбранбени воени опции“ во Европа во текот на минатонеделниот брифинг на високо ниво со разузнавачките служби.

Второто патување на состанок со колегите од членките на НАТО, се планира на почетокот од следниот месец, соопшти британската влада. Британските функционери и НАТО следната седмица во Брисел ќе ги финализираат поединостите на понудата, додека министрите за воени опции ќе разговараат во понеделник.

Џонсон, исто така, барал министерката за надворешни работи Лиз Трас и министерот за одбрана Бен Валас да се подготват за најавената посета по нивните барања до Москва, на разговори со своите руски колеги по должност следните денови. Од нив ќе се бара подобрување на односите со руската влада и да поттикнат деескалација на ситуацијата околу Украина, објави Даунинг Стрит.

Покрај тоа, се очекува дека Валас ќе отпатува на состанок со сојузниците оваа седмица во Унгарија, Словенија и Хрватска во име на Џонсон. Се претпоставува дека тема на разговорите во овие земји ќе бидат нивното поголемо ангажирање во мобилизацијата на НАТО на којашто инсистираат од САД и Велика Британија.

Во меѓувреме, премиерот Џонсон барал од началникот на генералштабот, адмиралот Тони Радакин, во вторник да присуствува на седницата на владата за да ги извести министрите во ситауцијата во Украина.

Британија, според процените, веќе има повеќе од 100 војници во Украина, коишто ги обучуваат украинските војници во рамките на операцијата „Orbital“, особено за ракување со неодамна испорачаните противтенковски преносни системи главно предзначени за урбано војување. Во Естонија, исто така, има распоредени 900 британски војници, покрај борбена техника во тенкови и оклопни возила, како ескадрила на „лесната коњица“ од околу 150 луѓе распоредена во Полска.

Најавата на Даунинг стрит следи откако премиерот Џонсон барал шефовите на одбраната и безбедносните служби да разгледат натамошни „одбранбени опции во Европа“ во текот на минатонеделниот брифинг на високо ниво со разузнавачките служби.

„Овој пакет би му испратил јасна порака на Кремљ дека нема да ја толерираме нивната дестабилизирачка актвивност и дека секогаш ќе стоиме крај нашите сојузници од НАТО соочени со руското непријателство. Ако претседателот (на Русија, Владимир) Путин го избере патот на крвопролевање и уништување, тоа ќе биде трагедија за Европа. Украина мора да биде слободна да ја избера својата иднина. Им наредив на нашите вооружени сили следната седмица да се подготват за прекумандување ширум Европа, обезбедувајќи им поддршка на нашите НАТО сојузници на копно, на море и во воздух“, рекол Џонсон.

Британската опозициска Лабуристичка партија го обвини Џонсон дека заостанува зад другите светски челници во одвраќањето на „руската агресија“ врз Украина.

Лабуристичкиот министер за одбрана во сенка Џон Хили ги повтори повиците за воведување „регистар на странски субјекти“ за да се „скине превезот од тоа кој поседува капитал во Обединетото Кралство“, откако беше објавено дека американски функционери стравуваат дека нема да може да го санкционираат Путин поради наводните „руски пари“ вложени во Лондон.

Исто така, се очекува дека британското Министерство за надворешни работи во понеделник да најави построги санкции токму пред најавената посета на двајцата министри на Москва, и се претпоставува дека Лондон ќе ги избере за цел стратешките и финансиски интереси на Русија.