Шведска на европскиот ракометен врв

Ракометната селекција на Шведска ја освои титулата европски првак откако во драматичниот финиш на финалниот меч во Будимпешта во неделата ја победи Шпанија со 27:26 со голот на Никлас Екберг од седмерец во последната секунда на натпреварот.

За Шведска ова е рекордна петта европска титула, меѓутоа прва по 20 години. Шпанија, која на последните две континентални првенства го освојуваше златото, овојпат мораше да се задоволни со сребрениот медал.

Шведска подобро влезе во фуналето и водеше со 2:0, 3:1 и 4:2. Шпанија првпат успеа да израмни во 14 минута на 6:6, а во 29 минута и првпат да поведе со 12:11. А со гол предност за „Фуријата“ (13:12) се замина на поливремето.

Во вториот дел подобро влегоа Шпанците, а во неколку наврати имаа по два гола предност, но Швеѓатните во 39 минута дојдоа до израмнување 17:17, а на истекот од 42 минута стасаа и до предноста од 20:19. Следеа минути во кои се играше гол за гол со многу грешки од двете страни во нападот, и силна посветеност во одбраната.

На шест минути до крајот Шведска повторно дојде до два гола предност 25:23, а потоа имапе и два напада за одење на „плус три“. Доколки тогаш погодеа, Швеѓаните можебни уште тогаш ќе го решеа финалето. Но Шпанците немаа намера да се предадат, и на три минути до крајот намалија на гол заостанување, а потоа израмнија на 26:26.

Шпанците на почетокот од последната минута имаа и напад за водство, но Хоан Кањелас очекуваше фаул над него и шутираше млако право во шведскиот голман Андреас Паличка. До крајот на мечот останаа 19 секунди, Кањелас се претвори во вистински трагичар правејќи седмерец на самиот исток на времето, а Екберг го реализираше решавачкиот шут.

Кај Шведска најефикасни беа Никалс Едберг и Оскар Бергендајл со по 5 голови, а Хампус Ване додаде 4 погодоци. На голот повторни добар беше Паличка со 11 одбрани, од кои 8 во првиот дел но и две важни во финишто на мечот.

Кај Шпанците, пак, најефикасни беа Адриан Фигуерас и Алеикс Гомез Абељо со по 6 голови, додека Иан Тарефета додаде 5. Голманите Родриго Коралес и Гонзало Перез де Варгас вкупно имаа 8 одбрани.