Најавата од менаџментот на ЕЛЕМ, да се состават списоци за еден дел од вработените кои треба да заминат на принуден одмор, ќе биде уште еден партиски реваншизам на Васко Ковачевски и групата околу него, оценува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Електроенергетскиот систем во Македонија ги доживува најтешките денови од своето постоење. Производството на електрична енергија во Македонија денес е на историски минимум. Официјалните бројки за призводство на електрична енергија за 2020 година се 3600 GWh, а за 2021 година сигурно ќе бидат под 3000 GWh.
Во 2017 година кога СДСМ дојдоа на власт, АД ЕЛЕМ беше успешна приказна. Имаше позитивно салдо од 25 милиони евра и подмирени трошоци кон сите свои доверители. Во 2020 година АД ЕЛЕМ влезе во листата на загубари со остварени загуби од 16.8 милиони евра, а за 2021 година загубите ќе бидат уште поголеми“.
Како успеаа СДСМ само за четири години, една ваква општествено одговорна компанија да ја претворат во загубар, прашуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
На што се должи ваквиот негативен тренд на производство од кога се СДСМ дојдени на власт, и зошто АД ЕЛЕМ е секоја година во сẻ полоша кондиција?
„Денес АД ЕЛЕМ е компанија за производство на електрична енергија која не е способна да обезбеди јаглен од сопствени рудници за континуирано производство на електрична енергија, компанија чии хидроцентрали се со испразнети се акумулации.
Во среде енергетска криза, АД ЕЛЕМ не е во состојба да одговори на своите годишни планови за производство на електрична енергија, да ги исполни законските обврски од договорот потпишан со ЕВН ХОМЕ. Поради тоа од буџетот на Македонија ќе бидат потрошени повеќе од 200 милиони евра директно за покривање на загубите на АД ЕЛЕМ, односно за набавка на скапа струја од берзите, бидејќи немаме доволно домашно производство“, констатираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ и нагласуваат:
„Пролетта и летото наместо да се копаше јаглен и да се полнеа акомулациите, во ЕЛЕМ на големо вртеа камионите на фирмите блиски до фамилијата Заеви. Есента, кога енергетската криза на големо затропа на нашите врати, наместо итни мерки за зголемување на домашното производство и обезбедување на суровини, СДСМ си тераа предизборна кампања и ја лажеа јавноста дека состојбата е под контрола и нема да дојде до покачување на цената на струјата. После изборите, наместо да реагираат на време во однос на движењето на цените на гасот, тие тогаш решија да прогласат кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, нормално откако поминаа локалните избори.
Затоа денес имаме покачена цена на електрична енергија и прогласена електроенергетска кризна состојба, како и покачена цена за парно греење и прогласена кризна состојба со снабдување со топлинска енергија“.
Познавајќи ја матрицата на СДСМ од минатото, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, дојди на власт-уништи-продај и присвој, како што направија во 2003 година кога од тогашното ЕСМ избркаа од работа 1300 вработени, аа потоа да вработат нови 700 партиски послушници, па во 2006 година следеше познатиот “бонбона бизнис”, продажбата на електродистрибуција, денес со право го поставуваме прашањето:
„Дали со идејата дел од вработените да се пуштаат на принуден одмор, сдсм сака да спроведе политика на реваншизам кон сите стручни кадри кои не им се истомисленици“?
Зошто ако компанијата е во тешка финансиска состојба, есента 2021 година најпрво се купи механизација во вредност од 37 милиони евра која сẻ уште не се употребува, па се потпиша тендер во четири очи за ископ на јаглен во вредност од 19 милиони евра,
за сега дел од вработените да се пуштат на принуден одмор?
„Со СДСМ на власт која има деструктивна матрица и никогаш не се грижи за државните интереси, за стопанството, за граѓаните и нашата иднина, доаѓаат премногу
тешки времиња за македонската енергетика!
Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера да вложи многу пари во модернизација и подобрување на еколошките перформанси на сите постројки во АД ЕЛЕМ и нивно враќање во кондиција како што ги остави во 2017 година, како и во изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија , со цел да ја врати енергетиката на здрави нозе, истакнуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ