Британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја посети во вторникот Украина во рамките на дипломатските напори за одвраќање на наводната можна инвазија на Русија врз соседната земја.
Џонсон ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски за да разговараат за рапосредувањето на, како што Западот тврди, околу сто илјади руски војници во близина на границата со Украина, и за коишто западните челници стравуваат дека се подготуваат за наводна инвазија.
Како што се наведува во соопштнието од кабинетот на британскиот премиер, Џонсон со Зеленски ќа разговата за „стратешката поддршка којашто“ Велика Британија може да ѝ ја понуди на Украина.
САД, Европската унија и Обединетото Кралство велат дека Русија има способност да дејствува против Украина, а Џонсон предупреди на „катастрофа“ доколку Москва се реши на таков потег.
„Ја повикуваме Русија да се повлече и да се вклучи во дијалогот за да се најде дипломатско решение и да се избегне натамошно крвопролевање“, изјави Џонсон пред доаѓањето во Киев.
„Право на секој Украинец е да одреди како со него се владее. Како пријател и демократски партнер, Велика Британија ќе продиолжи да го поддржува суверенитетот на Украина пред оние коишто сакаат да го уништат“, порача Џонсон.
Посетата на Џонсон во британските медиуми се оценува како одраз на неговите желби да ја позиционира Британија како играч во меѓународните односи, дури и додека на домашен терен се соочува со политиччки скандал поради забавите и прославите во Даунинг стрит во текот на строгиот карантин, што може да го принуди да отстапи од должноста имајќи го предвид и големото незадоволство меѓу неговите конзервативци.
Британија во понеделникот порача дека секоја руска акција против Украина ќе покрене санкции „без преседан“ против руски компании, рускиот финансиски сектор и луѓе кои ќе ги оценат како блиски на Кремљ. Притоа се планира цел да бидат најбогатите Руси, најголемите банки и компании од енергетскиот сектор, чии капиталил би биле замрзнат.
Британија неодамна на Украина ѝ испорача преносни противоклопни ракетни системи наменети за борба во урбана средина, како и инструктори на специјални сили за кои вели дека се персонал за обука. Лондон, инаку, наведе дека малку е веројатно разместувањето британски единици во Украина.
Истовремено минатата седмица беше објавено дека министрите за надворешни работи Лиза Трас и Бен Валас, по барање на Лондон, треба да отпатуваат во Москва на средби и разговори за деескалација на ситуацијата околу Украина.