Поранешниот судија и претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, како што пишува порталот „А1 ОН“, денеска самиот се пријавил во Казнено-поправната установа „Идризово“ заради издржување на затворска казна.
Владимир Панчевски, неправосилно, од велешкиот суд, за сторени злоупотреби на службената должност, некаде на почетокот на мај 2020 година, го осуди на 3,6 години, но кон крајот на септември минатата година скопска Апелација му ја намали казната за една година со што пресудата стана правосилност.
Пресудата, како и издржувањето на затворската казна доаѓа по обвинувњата дека Панчевски, во време кога тој „шефувал“ со скопскиот кривичен суд, односно од 23. јануари 2013 до 14. септември 2016 година, го прескокнувал АКМИС системот, односно електронското распоредување на предмети, така што со негов потпис предметите им ги делел на судии коишто тој ќе ги изберел.
Според Обвинителството тој рачно поделил 45 судски предмети, а ваквото тврдење беше поткрепено и со изјава на сега веќе разрешениот судија Стојанче Рибарев, кој, пак, извесно време ја извршуваше функцијата „вршител на должност“ – претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје