Првите американски дополнителни војници во Европа стасаа во Германија

Првите американски војници кои би требало да ја зајакнат присутностa на НАТО во Европа во време на кризата на руско-украинската граница, пристигнаа во Германија, објави во петокот американската команда.

„Војниците на 18-от воздушно-десантен корпус пристигнаа денеска во Визбаден. Овие први 2.000 војници доаѓаат во Европа по најавата на Пентагон дека дополнителните единици до САД ќе стасаат во Европа како поддршка за нашите сојузници во НАТО“, објави американската команд.

Во соопштението се додава дека овиe војници ќе вопостават главен штаб во Германија како поддршка за 1.700 падобранци коишто ќе бидат распоредени во Полска.

Во средата американскиот претседател Џо Бајден нареди распоредување на речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и во Романија, за да го заштитат источното крило на НАТО од потенцијално прелевање на кризата од Украина.

Ескадрилата „Stryker“ со колу 1.000 американски војници стационирани во базата ка Филсек во Германија ќе бидат испратени во Романија. Околу 1.700 припадници од 82-та воздрушно-десантна дивизија од базата Форт Браг во Северна Каролина ќе бидат испратени во Полска. Покрај тоа, 300 други американски војници ќе бида прекомандувани од Форт Браг во Германија.