
Од владејачката СДСМ ја промашиле адресата и наместо да се кријат зад лични изјави, барањето за покачување на минималната плата треба да го упатат до Владата во која партиципираат, реагираа во неделата од опозицката ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетувааде дека цела една година токму поранешниот премиер и лидер на СДСМ за Зоран Заев и неговиот министер за економија Фатмир Битиќи ветуваа минимална плата од 18 илјади денари до крајот на 2021 година, па во јануари 2022 но од тоа нема ништо,
„Ако навистина СДСМ сака зголемување на минималната плата на 18.000 денари, тогаш тоа може да го направат веднаш. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно ќе го поддржи исто како што поддржа и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места.
СДСМ наместо да крадат и да местат тендери, треба да обезбедат финансиска поддршка на стопанството во услови на тешка економска криза, криза во која се најдовме поради корупцијата и неодговорноста на власта на СДСМ и ДУИ“, се истакнува во партиското соопштение..