Над 6.000 нови коронаинфекции и 59 смртни исходи во Хрватска

Во последните 24 часа во Хрватска е потврден 6.001 нов случај на зараза со коронавирусот, а како последици од компликациите на коронавирусната болест Covid-19 забележани се нови 59 смртни исходи, според официјалните податоци на здравствените власти, а Jutarnji list пишува дека земјата во изминатите седум дена била прва според бројката починати од коронавирусот во земјите на ЕУ со 73 смртни случаи на милион жители, а по неа е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители.

Според податоците на Националниот штаб за цивилна заштита од неделата, забележани се 4.780 нови случаи на зараза со короанвирусот SARS-CoV-2, додека во медиумите се наведува дека со брзите антигенски тестови потврдени се уште 1.221 новозаразен.

На болничко лекување во хравтскиот болнички систем се 2.140 ковид-пациенти, од кои 78 пациенти се на респиратори. Во самоизолација моментални се 25.006 лица.

Од 25-ти февруари 2020 година, кога во Хрватска е забележан првиот случај на зараза, до неделата се потврдени 983.780 коронаинфекции, од кои починале 14.137 лица, вкупно оздравеле 917.608 лица од кои 8.706 во последните 24 часа.

Во саботата се потрошени 4.868 дози на вакцините, а од тоа 594 лица се вакцинираче со првата доза. Заклучно со петокот хрватските здравствени власти потрошиле 5.132.763 дози од вакцините против Covid-19, односно вакцинирани се вкупно 56,64 отсто од вкупното население односно 67,39 отсто во двозрасното население. До петокот 2.298.364 лица се вакцинирани барем со една доза, а одн нив вакцинираното го завршиле 2.212.347 лица или 65,02 од возрасното населени.