Маџовски: Имаме добар ритам и целиме високо во СЕХА лигата

Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер во првото коло од новата сезона во ракометната СЕХА лигата ќе играат со српскиот Партизан во Белград.

Крилото на битолскиот тим, Бојан Маџовски потврди дека не го познаваат доволно добро противникот, но амбицијата на клубот е висока и поради тоа немаат право на грешки.

„Партизан за нас е непозната екипа, но добар тест за европските натпревари. Можам да кажам дека имаме добар ритам и на добар пат сме и целиме на полуфинале во СЕХА лигата годинава.“  изјави Маџовски.

Дуелот Партизан – Еурофарм Пелистер е закажан за утре од 17:30.