Патот во Маврово затворен поради асфалтирање

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Како што информираат од АМСМ денеска од 8 до 16 часот, на патот од село Маврово – Маврови Анови, како и делницата од раскрсницата кон Галичник до хотелот Бистра, ќе биде затворена за сообраќај на сите возила поради асфалтирање. За сообраќај ќе може да се користи алтернативниот пат преку село Леуново.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.