При претреси во Кавадарци пронајдена дрога, приведени се две лица

На 06.02.2022 околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци.

Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. После тоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.