Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти во понеделникот дека нема ништо против предлози кои се компетентни и стручни во својата област за пополнување на бројот суди во Уставниот суд.
„Останува да проследиме кои се тие експерти од уставното право кои ќе бидат предложени. Ако се партиски и политички решенија, како што е самата (претедателка на судот Добрила) Кацарска, сосема е јасно дека нема да бидат прифатени. Потребни се решенија за кои ќе има заедничка согласност дека се квалитетни и професионални“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.