Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го истакнат единството во спротиставувањето во она што тие го нарекуваат „руска агресија“ против Украина во текот ан средбата во Белата куќа подоцна во понеделникот по вашингтонско време, брифираат од нивните кабинети по американските процени дека наводно Русија би можела да изврши инвазија врз соседната земја веќе следните денови или седмици.
Шолц, кого на Западот го критикуваат поради „недоволен ангажман“ во кризата околу Украина, изјави за новинарите впред средбата во Белата куќа дека Русија ќе „плати многу висока цена ако ја нападне Украина“,
Германскиот канцелар, чијашто популарност падна од 60 на 43 отсто последните седмици, беше поостар пред заминувањето во САД. За јавниот сервис ARD рече дека мора да ги слуша германските граѓани кои во големо мнозинство се противат на испорака на германско оружје за Украина, но дека е расположен за дополнително испраќање германски војници во Литванија, што во понеделникот се оствари со прекоманда на уште 350 војници, за да се зајакне источното крило на НАТО.
Шолц следната седмица ќе ги посети Русија и Украина, додека оваа ќе се сретне со претседателот на Европскаиот совет, и зи челниците на балтичките земји.
На Шолц во Вашингтон му се забележува и тоа што иако САД и нивните сојузници во прв ред Велика Британија го финализираат планот за „невидените“ санции во случај на наводниот руски напад, тој ја истакнува важноста на истрајно барање дипломатско решение за да не се влоши ситуацијата, на пример преки ткн Нормандиски формат во кој се Франција, Германија, Украина и Русија.
„Станува збор за спречување војна во Европа“, изјави Шолц за ARD додавајќи дека првиот негов канцеларски состанок со Бајден ќе вклучува „тешка, вистинска, политичка работа“.
Бајден и Шолц се сретнаа во Рим ланскиот октомври на самитот на Г20, кога социјалдемократот беше министер за финансии на поранешната конзервативна германска канцеларка Ангела Меркел.
Односот меѓу Бајден и Шолц се проценува на Западот како многу важен во оваа криза и затоа што францускиот претседател Емануел Макрон сѐ уште не објави дали има намера да се кандидира на претстојните избори во април, додека британскиот премиер Борис Џонсон е во внатрешнополитичка криза и под притисок од неговите конзервативци да се повлече од должноста.
Американските функционери се обидуваат да ги намалат разликите со Германија, којашто главно се потпира на рускиот природен гас, и истакнуваат дека Вашингтон тесно се координира со Берлин и со ЕУ за „брз и остар пакет“ нови санкции против Русија во случај на инавазија. Така, иако ја критикуваа Германија за изградбата на гасоводот Северен тек 2 и одбивањето да испрати оружје на Украина, истакнуваат дека Берлин е вториот најголем донатор на невоена помош за Киев по Вашингтон, како и дека германската помош за префрлување на нови американски војници во Романија била клучна.
„Апсолутно сум убеден дека Германија ја споделува нашата загриженсота поради руската агресија, како и поддршката за украинскиот суверенитет, како и територијален интегритет“, изјавил за Reuters висок функционер на американската администрација кој барал да остане анонимен.
Германија и САД „апсолутно се согласуваат“ дека се потребни дополнителни санкци и распоредување дополнителни трупи во источните членки на НАТО ако се случи напад, додал неименуваниот функционер.
Втор, исто така неименуван американски функционер, рекол дека треба уште да се финализираат поединости, но дека исфрлањето на Русија од SWIFT, меѓународниот систем за изведување финансиски трансакции останува можност. За Германија, како и за повеќе земји од Европа тоа не е добар избор, имајќи го предвид искуството со таквата мерка против Иран пред неколку години која ЕУ мораше да подготви паралелен таков систем за да ги спасува европските компании.
Бајден јасно ќе му порача на Шолц дека не смее да го пушти во фунција гасоводот Северен тек 2, ако Русија изврши „на овој или на друг начин Русија изврши инвазија врз Украина“, рекол за Reuters првиот американски функционер без да ја прецизира формулацијата за инвазијата.
Германија, којашто повеќе од половината од своите потреби од гас ги покрива со руски испораки а со Северен тек 2 тие ќе се удвојат, го одложи издавањето на последната дозвола за работа на гасоводот до поливината на 2022, но отфрли целосно откажување од проектот. Таквата одлука, како што се проценува во Берлин, ќе биде на голема штета на германското стопанство и компаниите.
Бајден и Шоцл, исто така, ќе разговараат и за германското претседавање со групата Г7 годинав,а поддршката за земјите од западен Балкан и коориднирањето на билатералните и мултиралералните одговори на киенските „непазарни економски практики и кршењето на човековите права“, рекле американските фунцкионери.