
Ако влеземе во таков процес ние со декларација за Гоце Делчев, па Бугарите, ќе влеземе во маѓепсан круг.
До крајот на неделава продолжуваат средбите на работните групи и на Mакедонија и на Бугарија.
Паралелно со средбата меѓу експертите од двете министерства за надворешни работи, за в четврток е најавен и состанок на работната група за транспорт и инфраструктура меѓу Македонија и Бугарија, а в петок треба да се реализира и првиот лет на релација Софија – Скопје.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во утринското гостување на емисијата на Здраво Македонијо рече дека декларацијата за Гоце Делчев поднесена во собранието не враќа назад во процесот.