Синоќешната сообраќајна незгода пред Владата според неофицијални информации од очевидци, ја предизвикал возачот Ј.Б., кој во владината „шкода“ во тој момент ги возел вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот Крешник Бектеши.
Според сведочењето на соговорниците на порталот Сакам да кажам, инцидентот се случил кога автомобили „киа“ и „фиат“, паралелно од двете ленти на улицата „Илинденска“ тргнале на вклучено зелено светло на семафорот во правец кон Центар. Веднаш откако тргнале возилата , службена „шкода“ минала на цервено од десната страна удрила во двете прописно тргнати возила.
„Шкодата“ во која се возеле Бесими и Бектеши, доаѓала од булеварот „Свети Климент Охридски“, се движела кон Владата, одсноно кон влезот во владината гаража. Во тоа време беа закажани состаноците на Економско социјалниот совет и преговорите со Сосијузот на синдикатите за зголемување на а минималната плата.
Возачот кој им го пресекол патот и ги удрил двете прописно тргнати возила, полесно бил повреден и однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила минале со полесни повреди.
Министерството за внатрешни работи досега освен потврда за настанот и известување за познатите податоци, како времето на инцидентот, марка на трите автомобила и иницијали на возачите, сè уште не излезе со поединости како дошло до него.