
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вторникот на средбата со амбасадорите на земјите членки на Европксата унија ги брифираше дипломатите и да даде пресек за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со ЕУ.
„Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите партнери. Не отстапуваме од нашата амбиција да продолжиме со надворешната интеграција со нашето најблиско соседство, кое посакуваме да резултира со стабилни и квалитетни добрососедски односи, со потенцијал да преминат во трајно пријателство со силна меѓусебна доверба“, истакна Османи.
На средбата беше дискутирамо и за македонското патиципирање во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
„Нашата држава во 2021 година има постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, дури 96 отсто што е индикатор дека земјата ги споделува вредностите и проинципите на надворепшната политика на Европската унија“, истакна Османи.
Зборувајќи за надворешната политика на земјата, Османи се осврна и на регионалните и на безбедносните предизвици и за ситуацијата во и околу Украина, што претставува закана за европската и меѓународната сигурност.