САД одобрија 100 милиони долари вредна надградба на ракетниот систем на Тајван

САД одобрија потенцијална продажба на 100 милиони долари вредна опрема и услуги на Тајван за одржување и надградба на ракетниот систем „Patriot“, објави Пентагонт.

Во соопштението на американската Агенција за одбранбена соработка (DSCA) се наведува дека институциајта ја предала потребната документција пред Конгресот по одобрувањето од Стејт департментот за продажба којашто ја побарало тајванското де-факто амбасадата во Вашингтон.

САД, како и најголемиот број држави во светот, немаат официјални дипломатски односи со Тајван, на кој Кина полага право како на своја територија, но Вашингтон е најголемиот сојузник на Тајпеј и фактички ја презема врз себе улогата на заштитник на неговата одбрана

Надграбрата на „Patriot“ системот „би ја подобрила безбедноста“ и би „помогнала во одржувањето на политичката и воената стабилност“ на Тајван и напредокот во регионот, соопштија од DSCA.

Тајван во зделката би влегол со американските компании од одбранбениот сектор „Raytheon Technologies“ и „Lockheed Martin“ дознава агенцијата Reuters.

Тајванското министерство за одбрана објави дека одлуката за оваа зделка е донесена во текот на средбата во 2019 година со претставниците на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Кинеското министерство за надворешни работи во вторникот ја осуди потенцијалната американска продажба, истакнувајќи дека таа сериозно ги загрозува безбедноста и суверенитетот на Кина, најавувајќи мерки за заштита на своите интереси.

Тајван подолго од една година преддувапредува на масовни прелети на кинески борбени авиони во неговиот воздушен простор, односно во неговата Зона на идентифијација на противвоздушната одбрана (ADIZ). Кина, пак, протестира на минувањето на западните воени пловила низ Тајванскиот теснец.

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.