Првите американски војници пристигнаа во вторникот во Романија во рамките на засилувањето на сојузниците на левотот крило на НАТО, соопшто романскиот министер за одбрана Василе Динку
Aмериканскиот претседател Џо Бајден нареди распоредување на речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и во Романија, за да го заштитат источното крило на НАТО од потенцијално прелевање на кризата од Украина.
Ескадрилата „Stryker“ со oколу 1.000 американски војници стационирани во базата ка Филсек во Германија ќе бидат испратени во Романија. Околу 1.700 припадници од 82-та воздрушно-десантна дивизија од базата Форт Браг во Северна Каролина ќе бидат испратени во Полска. Покрај тоа, 300 други американски војници ќе бида прекомандувани од Форт Браг во Германија. Во саботата почна постепеното пристигнување на американските војници во Полска.
Романскиот министер за одбрана Василе Динку во вторникот за новинарите изјава дека првите 100 американски војници веќе се наоѓаат во Романија и се занимаваат со логистика.
„Американците пристигнаа. Повеќе од сто американски специјализирани војници се подготвуваат заедно со нашите стручњаци за логистика, што значи дека нема да мине долго време пед да пристигне остатокот војници“, додадел Динку.
САД во моментов имаат распоредени околи 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година, откако беше примена по најавите од Букурешт за формирање воен сојуз со некои земја надвор од Алијансата, при што беше споменувана Русија. Во Романија е стациониран и одбранбениот систем со балистички проектили, некои како дел од НАТО, а некои според специјални билатерални аранжмани.
Франција, исто така, соопшти дека планира да испрати свои војници во Романија и понуд да биде водечката земја во идната мисија на НАТО во оваа земја, во којашто би требало да има околу 1.00о војници од разни земји. Одлуката за тоа би можела да биде донесена на следнито состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО кон средината на февруари.,
Во НАТО разгледуваат долгорочно воено позиционирање на источното крило во Европа за да ја зајакне својата одбрана, потврди во понеделникот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Воениот блок во моментов има сили кои ротираат во источна Европа и надвор од неа, а контингент од околу 13.000 војници од земји на НАТО надвор од регионот е постојано присутен во источна Европа.