Најмалку 14 загинати во свлечиште во Колумбија

Најмалку 14 лица загинаа, а 35 се повредени откако по обилни врнежи дошло до свлечиште во станбено подрачје на западот од Колумбија.

Едно лице во се води за исчезнато.

Градоначалникот на Переира предупредил дека и натаму постои ризик од нови свлечишта во оваа област.

Ги повикал жителите да го напуштат подрачјето и да се заштитат.