Во недела и понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во понеделник во текот денот и во вторник ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе ги намали условите за појава на магла.
Од УХМР велат дека утре претпладне слаби локални врнежи ќе има во југоисточните делови, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува.