Геомагнетната бура предизвикани од голем продор на Сончева плазма и зрачење онеспособила најмалку 40 до 49 сателити коишто неодамна ја лансираше американската вселенска компанија „SpaceX“ како дел од комуникациската мрежа „Starlink“ соопштија од компанијата.
Во соопштението, коешто е објавено на мрежната страница на компанијата, се наведува дека сателитите се оштетени минатиот петок, ден откако беа лансирани и поставени во орбитата околу 210 километри над Земјата.
Сателитите беа понесени од ракетата „SpaceX Falcon 9“ која беше лансирана од вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Нивното лансирање се случи во текот на геомагнетната бура од минатата среда и четвртокот на којашто предупреди американскиот Space Weather Prediction Center.
Предупредувањато ги посочуваше ткн сончеви блесоци настанати по голема експлозија на соларната плазма и електромагнетните зрачења на површината на Сонцето, а забележани на 29-ти јануари годинава. Се претпоставува дека три дена подоцна, на 1-ви февраури, достасале и до Земјата. Според истото предупредување, условите кои им погодуваат на геомагнетните бури траеле веројатно до 3-ти февруари.
Како што наведуваат од „SpaceX“, брзината и моќноста на соларната бура ја загреале атмосферата на Земјата и ја зголемила нејзината густина во орбитата во којашто се наоѓаат сателитите. Набрзо дошло до преголемо оптоварување коешто сателитите не можеле да го поднесат. Операторите на „Starlink“ се обиделе да го намалат оптоварувањето, но тие напори не биле успешни за повеќето сателити, коишто потоа се спуштени на пониски нивоа на атмосферата каде што согореле, се додава во соопштението.
„Ова е случај без преседан, колку што мене ми е познато“, изјавил за Reuters астрофизичарот од Универзитот Харвард, Џонатан Мекдауел. Додал дека сѐ уште не се сретнал со случаи во коишто расипување на сателит е предизвикано од зголемената густина на атмосферата по сончева бура. Грешките на сателитите вообичаено се случуваат поради поголемото електромагнетно зрачење.
Најмоќната геомагнетна бура откако се следат овие вселенски појави се случила во 1859 година. Таа е позната како „Карингтоновите случки“ според британскиот астроном кој ги набљудувал огромните дамки и експлозии на Сонцето од 28-ми август до 2-ри септември 1859 година. На 1-ви септември таа година на Сонцето се случиле коронарни ерупции кои биле толку силни што само за 18 часа стигнале до Земјата, иако ова растојание вообичаено ги минуваат за три до четири дена. Како резултатот на влијанието на магнетната бура на Земјата дошло до пад на телеграфските системи во Европа и во Северна Америка. Поларната светлина била забележана во целиот свет, а во некои области на планетата светлината на небото била толку силна што локалното население мислело дека се разденило.
Последната сончева бура која имаше последици на Земјата се случи во 1989 година кога беа исклучени сите електрични централи во канадски Квебек.
Вселенската компанија „SpaceX“ со седиште во Лос Анџелес којашто ја основаше претприемачот и милијардер Илон Маск, лансираше стотици мали сателити во орбитата од 2019 година, како дел од услугата за шрокопојасен интернет „Starlink“. Компанијата предвидува на крајот предвидува констелација на околу 12.000 сателити.