Андреас Трајковски доби дозвола од ИААФ, ќе се натпреварува под македонско знаме

Андреас Трајковски доби дозвола од Светската атлетска федерација  (ИААФ) да настапува за Македонија. Трајковски дел од својот живот го помина во Данска доби дозвола да настапува под знамето на Македонија со што нашата атлетика доби уште еден кандидат за настап на Олимписките игри.

„Андреас Трајковски денес доби дозвола од Светската атлетска федерација дека во иднина ќе може да ги брани боите на Македонската атлетска репрезентација. Честитки Андреас и ти посакуваме многу успех во македонскиот дрес“, соопшти АК Работнички, тимот на Трајковски.

Трајковски се натпреварува во скок во далечина и на 100 метри.