Отворен ден за граѓаните во општина Гази Баба

Во просториите на скопската општина Гази Баба во четвртокот се оддржа отворен ден за граѓаните  при што градоначалникот Бобан Стефковски заедно со преставници од сите сектори на општинската администрација оддржуваа директни средби со граѓаните.

„Проблемот на секој еден граѓанин е и мој проблем и ќе работиме на решавање на што повеќе проблеми на нашите граѓани, бидејќи општината е тука за да им служи на граѓаните.

За таа цел денеска во просториите на општина Гази Баба оддржавме отворен ден за граѓаните.

Во текот на целиот ден, јас и преставници на општинската администрација од сите сектори оддржавме директни средби со граѓаните со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите со кои се соочуваат. Овој тип на отворени денови со присуство на целата администрација ќе продолжи и во следниот период”, напиша градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страница на Facebook.