Големи размени во НБА: Нетс го испратија Харден за Симонс, Кари и Драмонд

Бруклин Нетс решија да се разделат со Џејмс Харден и да го испратат во Филаделфија 76ерс во замена за Бен Симонс, Сет Кари, Андред Драмнг и два идни избори на НБА драфтовите, објави американската мрежа ESPN за најзначајната играчка размена којашто се случи сезонава пред самиот истек на рокот за размени ножта кон петокот.

Австралиецот Симонс не беше задоволен со односот кон нег и реши оваа сезона да не настапува за Сиксерс, кои долго бараа опција во која би го замениле а притоа да не бидет во поголема загуба. Но проблематичќно е дали тоа со оваа размена успеаја да го сторат.

Уште неколку резмени беа најавени или извршени во четвртокот и во претходните неколку дена, а меѓу најактвивните клубови веа Лос Анџелес Лејкер и Сакраменто Кингс.

Клипес учестуваа во размената со уште три клуба, во која го испратија ветеранот Серж Ибака во Милвоки Бакс, а ги доведоа бекот Родни Худ и крилото Семи Оџелеј. Во истата размена од Милвоки во Сакраменто замина Донетг ДоВинченцо, а од Детроит во главниот крад на Калифорнмија стасаа Треј Лилес и Џош Џексон, додека Марвин Бегли Трети дресот на Кингс го замени со оној на Детроит Пистонс.

Сакраменто два дена претходно ги доведе Домантас Сабонис, Џастин Холиедј и Џереми Ламб од Индијана Пејсерс во замена за Тајрес Халобартон, Бади Хиелд и Тристан Томпсон.

Клиперс минатиот викенд од Портланд ги доведоа Норман Пауел и Роберт Ковињтон.
Во четвртокот беше објавена и размената на релација Торонто – Сан Антонио. Рапторс го испратија искусниот словенечки бек Горан Драгич и заптитениот избор за првиот круг на годинешниот драфт во замена за крилните играчи Тадеус Јунг и Дру Јубенкс и изборот во вториот круг од годинешниот драфт.

Според американските медиуми, не се очекува дека Драгич навистина ќе го облече дресот на Спарс, туку дека клубот од Сан Антонио на 35-годишниот Словенец ќе му понуди отпремнина. Имено, Драгич по размената од Мајами во Рапторс одигра само пет натпреарои, а кон крајот на ланскиот ноември, од лични причини и во доковор со клубот прекина со играње.

Кристас Прозингис веќе не е соиграч на Лука Дончич, бидеќи челниците на Далас Маверикс решија Латвиецот да го испратат во Вашингтон Визардс во замена за Спенсер Динвиди и Дејвис Бертанс.

На често повредениот Порзингис во Вашингтон ќе му се придружи Верно Кари џуниор и Ајш Смит кои во Визард доаѓаат од ШАрлот Хорнетс во замена за Монтрелз Харел.

Порзингис оваа сезона пропушти 23 натпревари, а последниот настап го имаше на 29-ти јануари против Индијана Пејсерс кога ја напушти играта поради болки во десното колено, коешто претходно го оперираше.