Францускиот претседател Емануел Макрон го одбил барањето на Кремљ да направи руски тест за коронавирусот кога допатува во Москва претходно седмицава за да се сретне со рускиот претседател Владимит Путин, поради страв дека Русија наводно така би можела да дојде до неговата ДНК, изјавиле за Reuters два извора од француската делегација.
Поради тоа францискиот претседател беше држан на голема дистанца од рускиот претседател во текот на речиси шестчасовните разговори за украинската криза во една од салите на Кремљ.
Фотографијата со Путин и Макрон како седат на спротивните краеви од четири метри долгата маса вчудовиде многумина, а дел од дипломатите тогаш толкуваа дека рускиот претседател можеби со тоа сакал да испрати дипломатска порака.
Меѓутоа, двата извора запознаени со здравствениот протокол на францискиот претседател рекле за Reuters дека Макрон имал две можности: да прифати Русите да му направат PCR тест па така би можело да седне поблиску до Путин или да го одбие рускиот тести и да се придржува до построгите мерки за одржување на физичко растојание.
„Знаевме многу добро дека тоа значи да нема ракување и таа долга маса. Не можевме да прифатиме да дојдат до ДНК-та на претседателот“, рекол за агенциајта еден од изворите.
Портапролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговорил на барањето на Reuters за коментар на овие информации.
Уште еден извор до опкружувањето на Макрон потврдил дека францускиот претседател го одбил рускиот PCR тест. Соговорникот рекол дека наместо тоа Макрон направил француски PCR тест пред заминувањето, а во Русија неговите лекар му направил антигенски тест.
Во четвртокот, три дена по средбата меѓу Макрон и Путин, рускиот претседател го прими каахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев. Тие се ракуваат и седнаа еден крај друиг, а ги раздвојуваше само малечко масиче за кафе, забележува Reuters.