Блинкен: Руската инвазија врз Украина е можна во секој момент

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Русија испратила уште војници на својата граница со Украина и може да започне инваија во секој момент, вклучително и во текот на Зимските олимписки игри во Пекинг, тврдеше во петокот американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Претходно во четвртокот ноќта слична препорака за американските граѓани издаде и Стејт департментот. За оние американски државјани кои ќе решат да останат во Украина, министерството за надворешни работи препорачува „зголемена претпазливост во врска со криминал, граѓански немири или потенцијални борбени дејствија“ во случај ситуацијата да ескалира.

Шефот на американската дипломатија рече дека Вашингтон продолжува да го повлекува персоналот од амбасадата во Киев и го повтори апелот на Стејт департментот за сите американски државјани во Украина да ја напуштат земјата.

„Ќе го продолжиме тој процес и бевме многу јасни – сите американски државјани кои сѐ уште се во Украина би требало да сега да ја напуштат оваа земја“, порача Блинкен.

„Едноставно кажано, и нааму гледаме многу загрижувачки знаци на руска ескалација, вклучително и тоа дека уште војници пристигнуваат на икраинската граница. Како што веќе рековме, инвазијата би можела да започне во секој момент, и да бидеме јасни – тоа го вклучува и времето доде се одржуваат олимписките игри“, рече Блинкен.

Русија не крие дека има распоредено повеќе десетици илјади руски војници поради ситуацијата во Украина, но негира дека има намера да ја нападне. Москва, исто така, предупредува дека постојаните изјави од Вашингтон и Лондон за наводна „руска агресија во секој момент“ можеби се дел од стратегија од страна на САД или Киев во спорната област Донбас да се изведе провокација за која би била обвинета Русија.

Велика Британија во четвртокот рече дека се чини дека „најопасниот момент“ од судирот меѓу Западот и Русија е неизбежен, поради воените вежби на Русија со Белорусија и руските маневри во Црното Море.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот време дека нема да испраќа американски војници во Украина, вклучително и за евакуација на сонародниците, објаснувајќи дека доколку американските и руските војници пукаат едни кон други ќе започне светска војна.

„Не постои такво (сценарио). Тоа е светска војна, кога Американците и Русите би пукале едни во други“, одговори Бајден во интервјуто за телевизиската мрежа NBC News на прашањето кое сценарио би можело да го натера да испрати војници за евакуација од Украина.

Притоа Бајден ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина, предупредувајќи дека ситуацијата во оваа земја може да добие „налудничав пресврт“ во секој момент, како и поради брзото ширење на коронавирусот во земјата.