Бројот на загинатите во невремето на Мадагаскар скокна на 111

Бројот на жртвите во циклонот Батсираи на Мадагаскар во петокот се зголеми на 111 луѓе, објави државната агенција за помош при катастрофи.

Циклонот го погоди Индискиот Океан во саботата вечерта, пустошејќи го југоисточниот брег пред да се повлече во неделата вечерта.

Агенцијата за помош при катастрофи соопшти дека во округот Иконго на југоистокот на Мадакаскар загинаа 87 лица. Претходно седмицава соопштија дека сѐ уште се собираат информациите за размерите на штетите во округот.

Батсираи е втората разорна бура во две седмици кои го погоди Мадагаскар, по Ана која однесе 55 животи, а 130.000 луѓе ги напуштија своите домови во посеверниот дел од земјат.

Оваа островска земја со близу 30 милиони жители веќе има проблеми со недостиг од храна на југот, што е последица на тешката долгротрајна суша.