Столтенберг: Стварна е опасноста од вооружен судир во Европа

NATO Secretary General Jens Stoltenberg and the President of Romania, Klaus Iohannis visit Mihail Kogălniceanu Military Base in Romania

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повторно во петокот предупреди дека има „стварна опасност од нов вооружен судир“ во Европа, во текот на посетата на воената база во Романија, којашто се смета за стратешки важна за Алијансата во констелација на односите со Русија.

„Бројот на руските војници расте, а роковите за предупредување се сѐ покуси“, изјави Столтенберг во базата „Михаил Когалничану“, на југоистокот од Романија, во близина на Црното Море во периодот кога водечките земји во НАТО, САД и Велика Британија ја обвинуваат Русија дека наводно подготвува воена агресија врз Украина.

Илјада американски војници коишто Вашингтон дополнително ги испраќа во Романија треба да стасаат подоцна во петокот за да го зајакнат источното крило на НАТО:

Според Столтенберг, можни се и други сценарија освен „инвазијата“ врз Украина, при што ги спомена „обидите за уривање на владата во Киев и хибридните хакерски напади“.

„Истовремено, нема безбедност и ние продолжуваме да ја повикуваме Русија на смирување на тензиите и на учество во политичкиот дијалог со НАТО“, додаде Столтенберг на прес-конференцијата придружуван од романскиот претседател Клаус Иоханис.

Изразувајќи ја „загриженоста“ на НАТО поради „трупањето сили што го следи заканувачката руска реторика“, генералниот секретар го истакна „единството на земјите сојузнички и новната решителност да реагираа“.

„Затоа присуството на единиците на НАТО во Романија е толку важно….“, рече Столтенберг, изразувајќи задоволство од подготвеноста на Франција да учествува во идната тактичка ударна група во Романија, којашто граничи со Украина.

„Ја минуваме најтешката криа од падот на Железната завеса“, рече Иоханис, осудувајќи ја „руската стратегија на застрашување“.

Повеќе десетици американски оклопни транспортери пристигнале во последните 36 часа од Германија, каде што се постојани стационирани, во романската воена база „Михаил Когалничану“.

„Ваквото разместување само долева масло на огнот и проденесува за раст на тензиите“, изјави претходно во средата рускиот амбасадор во Букурешт, Валериј Кузмин, кој следниот ден беше повикан во романското министерство за надворешни работи.

Романија, којашто стана членка на НАТО, заедно со Бугарија без најави во 2004 година откако Букурешт ултимативно повикуваше на формирање некаков воен сојуз, досега прими над 900 американски, 140 италијански и 250 полски војници.