
Владата на Србија ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со која се предвидува максималната малопродажна цена на евро дизелот и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179, односно 171 динар за литар.
Во соопштението по седницата на Владата се наведува дека тоа е направено со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, со оглед на тоа што во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати, што директно влијаеше на зголемување на цените на сите други стоки и услуга.