
Славната музичка ѕвезда Ријана неодамна откри дека сака да купи некој фудбалски клуб, а сега открива дека станува збор за популарниот Ливерпул.
Ријана отсекогаш тврди дека е голем фан на Ливерпул, летово атрактивната пејачка беше во центарот на вниманието за време на Светскиот фудбалски шампионат во Бразил.
На првенството во Бразил ,Ријана навиваше за Германија, и беше воодушевена што токму тие ја освоија титулата.
Според извор близок на Ријана , богатата пејачка планира да основа фудбалска академија во родниот Барбадос, за потоа да се обиде да купи некој клуб.
Ако желбата на Ријана е Ливерпул, музичката ѕвезда не ќе може да биде 100% сопственик на Ливерпул, туку само на одреден број на акции, сопственик на црвените од Енфилд засега е „Френвеј спортс груп од САД.