
На 12.02.2022 во 12:15 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициска станица Чегране го лишиле од слобода С.Д.(21) од с.Чегране, постапувајќи по пријава од Р.Д.(48) од с.Чегране според која околу 11:15 часот, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син С.Д..
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.