Украина во неделата побарала во рок од 48 часа состанок со Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на кој ќе се разговара за разместувањето на бројни руски единици во близина на нејзините граници и на црноморскиот полуостров Крим, а Москва го критикуваше повлекувањето на западните претставници во набљудувачката минисја на ОБСЕ од украинската источна област Донбас, каде се доминатни одметнатните проруски бунтовници.
Со седмици растат тензиите поради распоредувањето на руските сили во близина на границите на Украина. САД предупредуваат дека наводната „руска инвазија“ е можна во секој момент, а Русија ги отфрла таквите наводи и одговара дека нејзините активности се преземени за сопствена безбедност имајќи ги предвид континуираните испораки на офанзивно вооружување од Западот за украинската армија која според Москва својот половината од својот активен состав го распоредила во близина на проруската одметната област Донбас и обвинува за разгорување на „антируската хистерија“.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Русија не одговорила на барањето кое Украина ѝ го упатила во петокот, а во коешто, повикувајќи се на дел од договорот за безбедност од ткн Виенски документ од 2011 година, бара од Москва да го објасни спроведувањето на сегашните воени активности.
„Поради тоа сега го преземаме следниот чекор и бараме состанок со Русија и сите вклучени држави во рок од 48 часа за да разговараме за јакнењето и прегрупирањето на руските воени сили по должина на нашата граница и на привремено окупираниот Крим. Ако Русија е сериозна кога зборува за неделивост на безбедноста на просторот на ОБСЕ, тогаш мора да ја исполни својата обврска за воена транспарентност за да ги намали тензиите и да ја зголеми безбедноста на сите“, објави во неделата вечерта на Twitter шефот на украинската дипломатија Кулеба.
Од руското министерство за надворешни работи набрзо по оваа објава за агенцијата РИА потврдиле дека на 11-ти февруари преку каналите на ОБСЕ го добиле барањето на Украина во рок од 48 часа да достават информации за областите на воените активности и за бројноста на војниците вклучени во нив.
Неименуваниот соговорник на агенцијата истакнал дека Москва таквото барање не го смета за оправдано. Руското министерство за надворешни работи, имено, било убедено дека барањето на Киев претставува маневар со цел да се одвлече вниманието од сопствените „невообичаени воени активности“ и постојаните гранатирања на Донбас.
Русија ги критикува повиците за повлекување на набљудувачите на ОБСЕ
Американските набљудувачи од мисијата на ОБСЕ во неделата со автомобили го напуштиле источниот град Донецк кој е под контрола на проруските милиции, пренесе Reuters.
Руското министерство за надворешни работи ги критикуваше повиците на некои западни земји предводени од САД набљудувачите на ОБСЕ да ја напуштат Украина.
„Таквата одлука нѐ загрижува. Мисијата свесно се вовлекува во воена психоза којашто ја поттикнува Вашингтон и се користи со неа како средство за можна провокација“, изјави во неделата вечерта портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова којашто ја цитира германската новинска агенција DPA.
ОБСЕ има мисија во Украина, којашто вклучува и цивилен надзор во самопрогласените републики во Донецк и во Луганск, каде избувна војна во 2014 година со силите под контрола на властите кои го изведоа превратот во Киев откако поставија нивни регионални власти наместо избраните и го забранија рускиот јазик како службен.
Од ОБСЕ објавија писмена изјава во којашто се наведува дека „некои држави учеснички“ им рекле на своите граѓани да ја напуштат Украина, но додаваат дека мисијата продолжува со работата.
Досега 21 припадник на мисијата на ОБСЕ го напуштил Донецк, а уште повеќе од 30 тоа планираат да го сторат, изјавил за Reuters неименуван дипломатски извор. Втор извор, на кој исто така се повикува Reuters, навел дека 160 припадници на мисијата на ОБСЕ ја напуштиле Украина, меѓу кои се Холанѓани, Данци, Канаѓани, Словаци, Албанци. Овие бројки агенцијата не можела да ги потврди од други и од независни извори.
Москва ланскиот септември го одби обидот на втората мисија на ОБСЕ да ја набљудува границата меѓу побунетите региони и Русија, бидејќи нејзината мисија е да го надгледува спроведувањето на мировните договори и одредбите за режимот кој функционери на линијата на раздвојување во украинската граѓанска војна, а не меѓу двете земји.