ВМРО-ДПМНЕ бара покачување на пензиите за 20% или по 3.000 за пензионер

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку Собрание бара покачување на пензиите просечно за 20%, или по 3.000 за пензионер, и повисоки плати, а СДСМ да не се крие и да поддржи покачување.

Лошата економска политика и високите цени кои се резултат на истата ги нагриза примањата на граѓаните. Најмногу страдаат пензиите.

Предлогот за покачување на пензиите за 20% или по 3.000 денари е предлог со цел да се анулираат лошите ефекти од кризата и пензионерите да не почувствуваат негативни ефекти од зголемените цени.

Воедно преку амандман на Законот за минимална плата ВМРО-ДПМНЕ бара усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средни училишта ќе достигнат до 45 илјади денари, а покачување ќе има и за административно техничкиот персонал.

СДСМ да не се крие и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за доброто на сите граѓани.