CAS реши дека Валиева може во вторник да се натпреварува на ЗОИ во Пекинг

Спортскиот арбитражен суд (CAS) донесе одлука дека 15-годишната руска лизгачка Камила Валиева, којашто кон крајот на декември била позитивна на забранета супстанција, може да настапи во вторникот во поединечна конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг.

CAS во неделата одржа рочиште и одлучи да ѝ ја укине суспензијата на руската тинејџерка која ѝ ја наметна Руската антидопинг антидопинг агенција (РУСАДА), објаснувајќи ја својата одлука со тоа дека „оневозможувањето на Валиева да настапи пред темелно да се истражи целиот случај би ѝ нанело непоправлива штета“.

Во објаснувањето CAS истакнува дека „постојат сериозни прашања поврзани со лошото темпирање на објавувањето на резултатите. „Таквото доцно објавување на резултатите среде ЗОИ не е нејзина грешка“, наведуваат уште од судот.

CAS, исто така, денеска ги отфрли жалбите на Меѓународниот олимписки комитет (IOK), Светската антидопинг агенција (WADA) и Меѓународната лизгачка унија (ISU).

Валиева била позитивна на збранетате супстанција „триметазидин“, која се користи како лек за ангина и проблеми со срцето, на тестирањето на 25-ти декември на руското државно првенство. На ЗОИ на 7-ми февруари придонесе за освојување на златниот медал во екипното натпреварување, а тогаш непосредно пред доделувањето на медалите, лабораторијата во Стокхолм објави дека Валиева бипа позитивна на „тримеразидин“ кој на листата забранети супстанции е од 2014 година, а е забранет во САД.

„Времето на ализата на примерокот поставува сериозни прашања. Меѓународниот стандард за обработка на примероците во лабораторија на WADA е 20 дена по испораката на примерокот. Чудно е што на примерокот му требало речиси еден месец да отиде од Санкт Петербург до Стокхолм, каде се наоѓа лабораторијата. Се чини дека некој намерно го држел примерокот до крајот на екипното натпреварување во лизгањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, кое го освоија Русите “, изјави претседателот на Рускиот олимписки комитет (РОК), Станислав Позднјаков веднаш по избувнувањето на скандалот.

РУСАДА привремено ја суспендираше Валиева, но потоа ја исвои нејзината жалба со што ѝ е овозможено да го продолжи натпреварувањето во Пекинг, а CAS денеска ја потврди таа одлука.

По одлуката на CAS се огласи и Американскиот олимписки комитет (USOPC) кој изрази „разочарување“.

„Разочарани сме од пораката којашто ја испраќа таквата одлука. Спортистите мора да знаат да се борат и дека сите имаат исти шанси. За жал, денеска тоа право е негирано. Тоа изгледа како ново поглевје на системскиот генерализираниот презир на Русија кон чистиот спорт“, се наведвуа во соопштението кое ги потпишала претседателката на (USOPC, Сара Хиршланд.