
Зградата во којашто се седиштата на општинскиот и жупанискиот суд во Сараево во понеделникот мораше да биде евакуирана поради дојава за подметната бомба, поради што се одложени сите закажани судења па и она по тужбата против Федерацијата Босна и Херцеговина што ја поднесе директорот на Граничната полиција, Зоран Галиќ која ги отсликува новите меѓуетничките превирања во земјата.
Правосудниот дом во Сараево со часови беше испразнета, додека беше спроведува безбедносниот преглед на просториите.
Бомбашата закана е упатен непосередно откако во една судница започнало рочиштетот по тужбата којашто прптив владата на Федерацијата БиХ ја поднел сегашниот шеф на државната гранична полиција, а неговиот правен советник Свевлад Хофманизјави дека тоа во најмала рака е интересната коинциденција.
„Симптоматично е што дојавата е упатена на самиот почетокот од ова судење. Судијката, секако, беше присилена да ја прекине постапката“, изјавил Хофман.
Судењето по тужбата на Галиќ е интересно за јавнсота, бидејќи станвуа збор за долготрајна постапка во којашто е блокоран изборот на диеректорот на Управата на полицијата на Федерацијата БиХ.
Галиќ се пријавил на конкурсот распишан откако е пензиониран претходниот директор Драган Лукиќ и во текот на спроведената постапка бил прворангиран на листата кандидати. Имајќи предвид дека на позицијата министер за внатрешни работи на Федерацијата БиХ е Алјоша Чампара, како претставник на бошњачкиот народ, директорот на Управата на полицијата би требало да биде Хрват, па Галиќ го исполнувал и тој услов.
Владата на Федерацијата на БиХ, сепак, минатата година одбила да го потврди неговото именувања, па вршител на дожноста во Управата е Енсад Короман.
За именувањето на Галиќ биле само министрите на ХДЗ за БиХ, додека другите биле против. Галиќ сега ја тужи владата на Федерацијата поради фактот што не е именуван за директор, иако за тоа биле исполнети сите законски претпоставки.
Блокадата за именување на директорот на Управата на полицијата така стана дел од политичката пресметка меѓу бошњачката Партија на демократска акција (SDА) и Хрватската демократска заедница во БиХ (HDZ BiH) којашто трае уште од изборите во 2018 година. Новата власт во Федерацијата БиХ од тогаш не е формирана, па на должноста и натаму се премиерот и министрите избрани уште во 2014 година.