Работнички се засили со Американец

Најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички потпишаа нови засилувања пред продолжение од кошаркарскиот шампионат.

Уште еден Американец ќе го засили ростерот на Игор Михајловски. Станува збор за Џејлен Геди, кошаркар кој игра на бековската позиција, а кој во 2020 година бил пријавен на НБА-драфтот, но не бил одбран од ниту еден тим.

Тој настапувал за Универзитетот Свети Августин во 2019/2020.

Работнички претходно се договори со репрезентативецот на Девствените Острови, Дион Едвин.