Јокиќ со дабл-дабл учинок до победа на Денвер против Орландо (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше одлична партија, беше најдобар на теренот во дуелот меѓу Денвер и Орландо кој неговиот тим го доби со 121:111.

Денвер запиша важна победа во битката за местата кои директно водат во плеј-офот, беше совладан Орландо со десет поени разлика.

На теренот доминираше Никола Јокиќ кој постигна 26 поени, имаше 15 скокови и седум асистенции. Вагнер од Орландо исто така реализираше 26 поени, кај гостите беше одличен и Картер со 25 поени и 12 скокови, но тоа не беше доволно да се избегне пораз.

Резултати:
Вашингтон – Детроит 103:94
Бруклин – Сакраменто 109:85
Њујорк – Оклахома 123:127
Чикаго – Сан Антонио 120:109
Милвоки – Портланд 107:122
Њу Орлеанс – Торонто 120:90
Денвер – Орландо 121:111
Јута – Хјустон 135:101
ЛА Клиперс – Голден стејт 119:104