Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во вторникот дека засега не гледа знации на деескалација од Русија и дека не се гледа намалување на рускиот воени сили од близината на границата со Украина.
Претходно во вторникот од руското министерство за одбрана и од Кремљ објавија дека започна повлекувањето на единиците од Јужниот и од Западниот воен округ во постојаните бази по завршувањето на задачите на проверка во близина на украинската граница и повторно ја осуди „антируската хистерија“ која ја разгорува Западот поради наводно планираната руска инвазија врз Украина.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на овие објави од Москва изјави дека движењето на руските сили самото по себе не претставува вистинска деескалација, доколку зад себе оставаат опрема.
„Дури и доколку Русија ги повлече војнциите, таа често ја остава опремата, што го олеснува прегрупирањето на силите. Сѐ уште не видовме знаци на деескалација, сѐ е подготвено за напад, Русија треба да престане да се подготвува за војна и да се сврти на градењето мир“, истакан Столтенберг на прес-конференција во Брисел.
Запрашан дали неговата изјава значи дека смета оти во Москва не ја зборуваат вистината, Столтернберг повтори дека не гледа „знаци на деескалација“ и зборуваше за „претпазлив оптимизам“.
„Досега не видовме знаци на дескалација. Ќе продолжиме да следиме што прави Русија, знаците коишто додаѓаат од Москва дека се расположени да тргнат по дипломатски пат дава причина за претпазлив оптимизам“, рече Столтенберг кој во среда и четврток во Брисел ќе се сретне со министрите за одбана на земјите членки на НАТО.
Столтенберг, исто така, рече дека НАТО сѐ уште не примил никаков одговор од Москва на одговорот и предлозите од Алијансата на рускиот предлог за постигнување обврзувачки договор за безбедност и стабилност на Европа.
Москва бара обврзувачки безбедносен договор со НАТО за неширење на Алијансата кон исток и на самите руски граници, неразместување на стратешки ракетни системи во соседните земји, неприем во членство на Украина и Грузија, како и враќање на воената инфраструктура на истокот на Европа на границите до 1997 година, кога е воспоставен договорот во форматот на Советот НАТО-Русија.
Кон крајот на декември Русија писмено им ги претстави предлозите на Вашингтон и Брисел кои ја отфрлија предлогот за непримање нови членки од руското географско опкружување, но остави простор за преговори по другите теми. По речиси повеќе од месец, САД и НАТО испратија одговори во Москва, за кои во неодамнешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин на американскиот колега Џо Бајден му порача дека Москва ќе ги разгледа таквите идеи, но дека тие не ги задоволуваат главните руски предлози и барања. Руското министерство за надворешни работи објави дека наскоро ќе го испрати својот одговор.