Думата, долниот дом на рускиот парламент, изгласа во вторникот нацрт-резолуција со којашто го повикува претседателот Владимир Путин да ја призна независноста на двете одметнати региона на истокот во Украина со доминатно руско и рускојазично население кои од 2014 година е во воена конфронтација со силите под контрола на тогаш воспоставената власт во Киев.
Доставени беа нацрт-резолуции на Комунистичката партија на Руската Федерација и на Единствена Русија чика вклучуваше консултации со Министерството за надворешни работи, додека комунистичката верзија веднаш беше испратена до претседателот. За иницијативата на комунистите гласаа 351 пратеник, 16 беа против а еден беше воздржан. Нацртот на Единствена Русија на претседателот Путин беше поддржан, пак, од 310 пратеници, па така беше избрана првата опција.
Признавањето на двате региона, самопрогласените Донецка народна република (ДНР) и Луганската народна република (ЛНР), е спротивно на договорите од Минск, а Москва го обвинува Киев дека не ги почитува, особено членовите кои предвидуваат голем степен на автономија на двата региона во однос на централните украински власти посебно во сферата на безбедноста и изборот на регионалните власти, односно нивно останување во територијалниот интегритет на Украина.
„Веднаш ќе биде врачен повик на претседателот на Руската Федерација дека е потребно да бидат признати Донецката народна република и Луганската народна република“, напиша на каналото Telegram претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.
Текстот е прифатен на пленарната седница на Думата, за овие две територии во областа Донбас станат „автономни, суверение и независни држави“, пренесува агенцијата AFP.
Во извештајот се наведува дека пратениците во Думата „сметаат дека признавањето на ДНР и ЛНР ќе создаде основи за безбедносни генерации и заштита на тамошното население од надворешни закани, како и за јакнење на меѓународниот мир и регионалната стабилност“, според Володин.
„Доколку дојде до признавање, Русја дефакто би се повлекла од Минските договори со сите последици. Веќе предупредивме на таков можен развој“, веднаш реагираше шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.
Самопрогласените републики во Донец и во Луганск, се во војна од 2014 година со силите под контрола на властите кои го изведоа превратот во Киев откако поставија нивни регионални власти наместо избраните и го забранија рускиот јазик како службен.