Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика во телефонскиот разговот во вторникот американскиот колега Ентони Блинкен на „прагматичен дијалог“ за безбедноста и стабилноста во Европа, а шефот на американската дипломатија обара „проверлива, веродостојна и значителна деескалација“ на границата на Русија со Украина.
„Лавров истакна дека е недозволива агресивната реторика којашто ја користат Вашингтон и неговите блиси сојузници, повикувајќи на прагматичен дијалог за сите прашања кои ја интересираат Русија“, се истакнува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.
Шефот на руската дипломатија воедно ја истакнал неопходноста од „продолжување на соработката“ на Москва и Вашингтон поради смирување на тензиите.
Блинкен во разговорот барал од Лавров „проверлива, веродостојна и значителна деескалација“ на украинската граница откако претходно во вторникот Москва објави дека започнала да повлекува дел од своите единици кои ги завршиле задачите во близина на границата со Украина, соопшто американскиот Стејт департмент.
„Истакна дека, иако секога натамошна руска агресија врз Украина би поттикнала врз, сериозен и обединет трансатлантски одовор, ние остануваме доследни на дипломатскиот пат и веруваме дека постои можност кризата да се реше по мирен пат“, додаде портпаролот на американската дипломатија Нед Прајс во брифингот за медиумите по новиот телефонски разговор на двајцата шефови на дипломатиите.
Телефонскиот разговор се одраз во моментот кога Париз, Берлин и НАТО претходно во вторникот го истакнаа како „позитивен“ сигнал најавата за почеток на делумното повлекување на руските единици во постојаните бази откако со седмици ја обвинуваа Москва дека наводно подготвува инвазија врз Украина, па дури и средата 16-ти февраури ја одредија како ден на кој ќе се случи рускиот напад врз соседната земја.
Претходно во Кремљ рускиот претседател Владимир Путин на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц повтори дека Русија не сака војна, но и повтори дека Москва не се откажува од настојувањата да постигне обврзувачки договор за неширењето на НАТО кон руските граници што вклучува и неприем на Украина и Гризија во членство на пактот, како и неразместување на стратешки ракетни системи во близина на Русија.