Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се вратија на четвртото место на табелата на англиското првенство откако во вторникот вечерта со 2:0 на домашен терен го совлада Брајтон енд Хоув Албион во заостанат натпревар.
Низата од трите последователни натпревара без победа, Јунајтед ја прекина со погодоците на Кристијано Роналдо во 51 и на Бруно Фернандеш во седмата минута од судиското продолжување на натпреварот.
Откако Брајтон имаше подобри шанси за погодок во првите 45 минута, пресвртот во полза на „Црвените ѓаволи“ дојде со почетокот на вторито дел. Роналдо го постигна својот прв погодок во 2022 година со силен удар од врвот на шеснаесетникот, а само минута подоца Данк беше исклучен поради груб прекршок над Елага. Во финишто Фернандеш ја донесе победата со соло акција.
Манчестер Јунајтед сега има 43 бодови, четири помалку со меч повеќе од третопласираниот Челзи, а два повеќе од петтиот Вест Хем, БРајто е деветти со 33 бодови.
На табелата води Манчестер Сити со 63 бодови, девет помалки со меч помалку има вториот Ливерпул.