
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ пред одредено време најави дека отворено ќе проговори за се што му се случи во Австралија каде дојде да ја брани титулата во Мелбурн за да по една голема драма која траеше со денови биде „избркан“ од властите на оваа земја.
Ѓоковиќ реши да го раскаже својот дел од приказната за угледниот „Би-Би-Си“ каде меѓу другото порача дека нема намера да се откаже од своите принципи и по цена на трофеите, но и откри што се случувало во неговиот дом за време на финалето во Австралија каде силите ги одмерија Рафаел Надал и Данил Медведев.
Воедно Ноле говореше и за времето поминато во притвор, но и за реакциите на колегите кои дефинитивно го повредиле.
-Реакциите на колегите… Тоа многу ме повреди, ја почувствував таа енергија, погледите на луѓето во зградата. Разбирам дека имаат перцепција врз основа на она што го дознаат од медиумите. И јас не излегов во јавноста затоа што претходно кажав дека ја почитувам законската процедура и Австралија опен, -рече Србинот и продолжи:
-Не сакам да седам овде и да се жалам за условите во тој центар бидејќи останав седум дена. Се чувствував беспомошно, не можев да го користам телефонот три-четири часа. Беше сред ноќ од еден до девет часот наутро, не спиев затоа што ме испрашуваа на секои 30 минути. Имаше многу, многу интервјуа кои почнаа, па беа паузирани за да некоја особа разговара со претпоставениот. Тоа траеше цела ноќ.
-Прво беше поставено, па повлечено, па потоа беше повлечена визата, па бев слободен четири дена и тренирав. Ова не беа вообичаените денови за тренирање што вообичаено ги имав пред грен слем, хеликоптерот леташе над Род Лејвер Арената за време на секој тренинг. Камерите беа насекаде, -истакна 20-кратниот грен слем шампион.