
Премиерот Димитар Ковачевски најави усогласување на пензиите кон средината на годинава, но и дополнителна финансиска помош за пензионерите.
„Веќе имавме едно усогласување, а ни следува уште едно коешто ќе се случи на средина на годината. А, дополнително, со оглед што се работи за година што е година на економска криза, предизвикана од еврпската енергетска криза, правиме анализи за дополнителна финансиска помош за пензионерите, ќе биде скалеста, односно оние коишто имаат најмали пензии да добијат најмногу, а оние коишто имаат повисоки, соодветно на тоа да добијат износ“, рече Ковачевски.