Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја обвини во средата Русија дека со своите политики не го загрозувала само интегритетот на Украина, туку и европскиот мир како и меѓународниот светски поредок темелен на прават.
Мишел на пленарната седница во Стразбур тврдеше дека Русија ги распоредила своите сили „без преседан“ во близина на границата со Украина и дека станува збор за „агресивно и заканувачко однесување“.
„Таквото однесува не ги поткопува само стабилноста и интегритетот на Украина, туку мирот и безбедноста на Европа и меѓународниот систем темелен на правата“, истакна Мишел.
Сепак, Белгиецото рече дека повлекувањето на руските единици започнато во вторникот сигнализира дека Русија е подготвена на дипломатија.
„Апелирам на Русија да преземе конкретни и чувствителни чекори кон деескалација. Тоа е предуслов за искрен политички дијалог. Нема дипломатија од една страна, додека од друга страна се трупаат единици“, рече Мишел.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави дека кризата наводно ја предизвикала „свесната политика на руското водство“.
„Украина е суверена земја и самата носи одлуки за својата иднина, Кремљ тоа не го сака па се заканува со војна. Тоа е суштината на моменталната ескалација“, истакна Германката на пленарната седница.
Фон дер Лејен истакна дека Русија вчера испратила „контрадикторни сигнали“, бидејќи од една страна објавила дека повлекува дел од единциите, додека Думата го повика претседателот Владимир Путин да ги признае двете самопрогалсени нардони републики во Донецк и Луганск со доминатно руско и рускојазично население на истокот на Украина.
Фон дер Лејен, слично како и шефот на ЕУ дипломатијата Жозеп Борел во вторникот, изјави дека „трансатлантската заеднциа долго не била вака онединетаа“.
Ја повтори заканата дека се подготвува „робусен и сеопфатен пакет санкции“ во случја на наводната инвазија врз Украина. „Европското дејствување ќе биде брзо и робустно“, порача фон дер Лејен.
Како и американскиот претседател Џо Бајден во вторникот вечерта, и фон дер Лејен почна со стратегијата на директен напад врз руските челници во обидот да се предизвика нерасполижение на јавното мнение кај Русите, и рече дека „рускотоводство е свесно дека европсктие санкции се опасност за Москва, бидејќи зависи до европските технологии за да г диверифицира стопанството“.
Фон дер Лејен зборуваше и за зависноста на Европа од рускиот гас, истакнувајќи дека е „чудно“ што руската државна компанија „Газпром“ во време на високите цени на гасот „не се обидува да го максимизира профитот“.
„Тоа однесување веќе му наштети на кредибилитетот на Русија како доверлив снабдувач на енергијата“, рече фон дер Лејен,
И во иднина некои политичари во ЕУ вината за енергетската криза се обидуваа да ја префрлат врз Русија, но „Газпром“ секогаш документирано тврдеше дека ги испорачува нарачаните количества гас на европскиот пазар, па и оти ги зголемил испораките во периодот кога европските подземни складишта останаа празни поради ненавремените набавки.
ЕУ, доколку има запирање на испораките на рускиот гас, ќе се сврти кон јакнењето на испораките на течен земена гас LNG и за тоа фон дер Лејен рече дека веќе се разговара со повеќе земји.
Истакна и дека ЕУ, кога станува збор за снабдвуањето со гасот, е сигурна за оваа зима, а дека долгорочноте решение за зависноста од рускиот гас е големо инвестирање во обновливите извори на енергија кои се „добри за климата и за нашата независност“.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека треба да продолжат разговорите со Русија, но и дека потребно да се подготви за можни санкции против неа.
„Мораме да учествуваме во разговорите. Да, Русија има исто така безбедносна загриженост која треба да се земе предводи. Од друга страна, пак, треба да го подготвем нашиот капацитет за одговори“, рече Борел.