Илија Јовановски, поранешен градоначалник на општина Прилеп, кој јасно беше дека му е прв и последен мандат како градоначалник, направил сериозни кривични дела додека бил на функцијата, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Извесна парцела каде што се имало одобрение за градба од 2005-тата година, некаде на средина на мандат на Јовановски, се менува на чуден начин инвеститор и се отпочнува со градба на објект. Инаку првото одобрение за градба е на одредена фирма АГД Градба која што за 6 месеци откако им е дадено во 2005-тата година одобрение за градба не отпочнале со изградба на објектот кој што го планирале. Менувањето настанува токму баш за тоа, и нејасно е дали и како односно спротивно на закон Илија Јовановски го дава одобрението за градба за истава оваа парцела каде што не била отпочнато да се гради објектот на друга фирма одредена ДПТУ Дино 99. Е сега, оттука, откако почнува да се гради новава фирма која што на чуден начин го стекнува одобрението на градба, односно Илија Јовановски го менува инвеститорот за оваа парцела. Градежни инспектори од Општина Прилеп излегуваат на терен и констатираат неправилности, нелегалности и крајно, ја стопираат градбата. Ја стопираат затоа што на страна од законот, односно од проектот кој што го поднеле има направено плус одредени други простории кои што не биле влезени во проектот. И со тоа се покажува дека го прекршиле законот.- вели Арсовски.
Тој додаде и дека инпекторите ги констатирале сите неправилности, по што законот наложува одобрението за градба градоначалникот да го прогласи за ништовно, односно целата постапка треба практично да се отпочне одново или посочениот објект да биде срушен. Но, наместо да се поништи актуелното одобрение, наведува Арсовски, инвеститорите поднесуваат барање за измена на основниот проект во градба, практично да ги легализираат нелегалностите кои што ги направиле.
– И оттука наместо да има правна разрешница, како што вели законот за овој објект, инвеститорите си продолжуваат и го градат целиот објект, а градоначалникот не презема никакви активности. Напротив на секој можен начин им дава легитимитет на овие неправилности кои што биле направени. Јасно е дека Илија Јовановски како градоначалник извршил сериозно кривично дело и злоупотреба на службена положба и прашуваме дали добил некаква награда за истото прекршување на законот за цела оваа постапка? Она што е најинтересно до неговото заминување, на сила било решението за стопирање на градбата односно констатираниот записник од страна на инспекторите, а сепак инвеститорот си го изградил објектот, нормално и најверојатно со амин на Илија Јовановски, кој што бил градоначалник – додава Арсовски.
Тој го повика Јавното обвинителство и антикорупционерите, да поведат постапка и да не замижуваат пред овој криминал.