
Тринаесет лица, меѓу кои и жени и деца, загинале откако упаднале во бунар во текот на сведбена прослава во северна Индија, објавија во четвртокот локалните власти.
Несреќата се случила во средата во семото Небуа Нарангија во сојузната држава Утар Прадеш. Жртвите стоеле на конструкција од ламарина со коајшто бил прекиерн бунар, додака го следеле традиционалниот ритуал на хундуистичка венчавка во текот на кој невестата и младоженецот се посипуваат со куркума.
Конструкцијата се урнала под големиот притисок, по што повеќе од дваесет луѓе паднале во бунарот, изјави С.Раџалингам, судија во округот Кушинагар. Единаесет од нив загинале веднаш, а 15 биле спасени. Меѓутоа, уште две лица подоцна починале во билница.
Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека е многу ожалостен поради овој настан, како и дека локалните власти правата сѐ што можат за да им помогнат на повредените и на семејствата на загинатите.