На 16.02.2022 во 20:50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, не сопрело на даден знак за запирање од полициски службеници.
Набргу потоа, возилото било пронајдено и при преглед во него биле пронајдени девет лица – мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан).
Мигрантите биле спроведени и сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ -Гевгелија за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.